Здраво. Најпрво сакам да кажам дека имам 19-20 години и го доживеав моето прво раскинување. Со девојка ми бевме скоро една година заедно и таа ми раскина пред скоро месец дена. Сакав да ве прашам кое е вашето мислење и дали може да се врати врската или веќе е прекасно?
Најпрво, ние се знаеме долго време бидејќи учевме во исто средно и се гледавме секој ден. При крај се фативме и сè си одеше добро, како секоја врска на почетокот — тој „honeymoon phase“ што го викаат. На почетокот многу се вложив во врската и речиси премногу пари трошев на неа; секој ден по 2-3 кутии цигари ѝ купував, кафе, поклони, парфеми... Мислам дека имав потрошено некаде 3-4 илјади евра на неа, што не ми сметаше и пак не ми смета.
Сега таа ми раскина поради тоа што сме биле многу карактерно различни. Таа сакала некој што не се воздржува да покажува љубов директно и да не се срами тоа да го покаже во јавност. Ја сфаќам бидејќи јас таков бев, но таков од мал сум израснал и од моите сум го гледал тоа. Јас, иако многу ја сакав, не покажував љубов на тој начин што таа го сакаше и во нејзини очи тоа значеше дека не ми значела и дека не сум ја сакал. За ова ми имаше кажано и пред да раскинеме двапати, и на третиот пат ми раскина. Јас ја слушав, ќе се променев, но потоа пак се враќав на старо и сега стварно многу ми е криво, но прекасно сфатив.
Јас ѝ бев прв дечко и за сè ѝ бев прв. Не сум некое дете што се курва или излегува по клубови и журки; не пушам, не пијам, не излегувам, вежбам редовно, тренирам теретана и боречки спорт, се хранам како што треба и сум доста привлечен дечко за мои години (не дека си го дигам егото или нешто). Сега баш ми е криво за врскава дека прекасно сфатив.
Таа ми раскина во живо и многу неочекувано ми дојде. Утредента дојдов кај неа со букет пред врата, таа излезе, зборевме и ми кажа: „Подобро е за двајцата вака, ти дадов веќе колку шанси, немам веќе чувства кон тебе.“ И исто така ми кажа: "Не значи дека ако веќе со некој си заедно треба да вложуваш помалку сега за разлика од почетокот на врската" - и точна беше во тоа што го кажа. На крај си отидов со букетот во рака. Сега се ми дојде наеднаш — нов факултет, нова средина, испити... Не знам кај ми е главата, каде да гледам и што да правам.